fbpx
x
Мени

Додади настан

Опцијата – додади настан shqip, ви овозможува да додадете настан организиран од страна на вашата организација (Слика бр.14)
Слика 14
slika14

Потребно е во празниот простор да ги внесете следните информации

  1. Насловот на настанот

  2. Датум и време на започнување на настанот и датум и време на завршување на настанот (доколку станува збор за целодневен настан во тој случај кај часот ќе означите 00:00).

  3. Локација- тука може да го пишете градот, областа на оддржување.

  4. Место- одреден локал, галерија, конференциска сала итн.

  5. Контакт- во овој дел потребно е да се внесе контакт број на лице кое ќе може да даде информации во врска со настанот.

  6. Јавен/приватен настан – во зависност од тоа дали настанот е од отворен или затворен карактер, избирате една од двете опции. Доколку ја изберете опцијата јавен, настанот ќе биде отворен за сите. Доколку ја изберете опцијата затворен, во тој случај настанот ќе биде видлив само за грантистите на Civica Mobilitas.

  7. Информации за настанот- краток опис за каков настан станува збор (дебата, обука, промоција итн. ) и други релевантни информации во врска со настанот ( модератори, тема, учесници, таргет група итн.)

  8. По додавањето на настан, истиот треба да ви биде одбрен од администраторот. Откако истиот ќе биде одобрен, ќе се најде како дел од менито на почетната страна : вести —> настани, каде ќе имате преглед на сите настани за конкретниот месец

Во продолжение може да ја погледнете слика бр.15 на која е даден пример за настан.

Додади Настан

Мора да се најавите за да ја видите оваа страна. Најави се