CED joins to the the global movement 1 BILLION RISING, campaign aimed to say STOP the violence against women.
Violence against women is a serious issue in Macedonia. Even though there are many laws that should guarantee social justice to women, many women still get victims of domestic and sexual violence. As domestic violence happens behind closed doors it is very hard to proof.
Break the Chain
25 години Меѓаши, 25 години борба за поправеден свет за децата (ВИДЕО)
Секој ден поминат во еден од бегалските кампови во земјава е ден полн со неизвесност за бегалците. Да останат и да чекаат или да се вратат во Грција, со надеж дека од земја членка на Европската Унија полесно ќе стигнат до некоја од западноевропските земји е прашањето што ги мачи со месеци. Нови бегалци не влегуваат во Македонија, но останува отворено прашањето дали на земјава може да и се случи нов бран на бегалци.
автор: Ана Милевска Ѓоргиевска
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
СО БЕЛ МАНТИЛ ПО БЕЛИОТ СВЕТ – ТРЕНД НА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ
Десетици лекари секоја година продолжуваат да ја напуштаат Македонија, во потрага по подобри услови за работа и повисоки плати во странство. Овој егзодус на лекарите и здравствените работници веќе се чувствува во многу делови од земјата – цели региони се без лекари, а некогашните амбуланти зјаат празни. Состојбата е особено критична кај гинеколозите – од летово, речиси целата скопска околина е без матичен гинеколог, затоа што ниту еден млад лекар не прифаќа да работи во примарното здравство.
Додека новата Влада е посветена на законски измени во областа на социјалата и бара модел како да го унапреди социјалното претприемништво, граѓанските организации се обидуваат преку обуки да им помогнат на социјално и економски ранливите категории и да ги направат конкурентни на пазарот на труд. Помогнати од програмата Цивика Мобилитас неколку домашни организации имаат успешни проекти низ кои десетици жени се вработиле. Многу од нив биле жртви на семејно насилство, пропаднати, со нарушена самодоверба, но после обуките тие испливале од дното и полека стануваат интегрален дел од општеството. Дали ваквите обуки се доволни за самохраните мајки и жртвите на насилство да исчекорат кон иднината? Дали државата има капацитет да се вклучи во ресоцијализацијата на оваа категорија жени? И уште некои други прашања одговара видео сторијата „Чекор кон…“
Транспаренси интернешнл – Македонија го изработи Документот за јавни политики „ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА – Надлежностите и капацитетите за изготвување и ефективно одржување на Избирачкиот список“. Во документот се дава краток хронолошки осврт на проблемите во поглед на избирачкиот список во Република Македонија, анализирајќи ги законските измени во Изборниот законик, улогата и надлежностите на ДИК во поглед на Избирачкиот список, како и практичната примена на новите нормативни решенија. Анализата воедно посочува одредени препораки и предлози кои се однесуваат на неопходноста Република Македонија да обезбеди соодветни услови за остварување на избирачкото право на секој граѓанин токму преку организирање на легитимни избори и почитување на основните демократски вредности.
Почнавме и нашата добрина да ја искажуваме во пари. Но, вистинскиот придонес кон нашата заедница, за среќа, сепак се мери колку ние се вложуваме во неа. На крајот, само нашиот личен придонес ја менува реалноста кон подобро за останатите наши сограѓани. Навидум две различни приказни, кои сепак го потврдуваат тоa.
Краток документарен филм за 25 годишната работа и активизам на Организација на жените на општина Свети Николе изработен од волонтерите во организацијата.
Дотраените колекторски системи – закана за езерските води
Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет
автор: Жарко Настовски
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
ДОТРАЕНИТЕ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ – ЗАКАНА ЗА ЕЗЕРСКИТЕ ВОДИ
Ефектите од загадувањето почнуваат да се одразуваат и врз езерата, кои што претставуваат едни од најголемите природни богатства на Македонија. Дали надлежните институции соодветно постапуваат и се грижат за заштита на езерските води? Колекторскиот систем на Охридското езеро е најголемиот и најзначајниот во западна Македонија, а работи со половина капацитет.
Едно писмо стигнато на официјалниот мејл на СКУП Македонија сигнализираше дека енормно големи суми од народните пари се плаќани за парно греење. Свиркач кој бил запознаен со ова појава решил истата да ја пријави кај нас, со препорака да се истражува случајот
Тимот на СКУП ги разгледуваше сите наоди на јавувачот на злоупотребите. Решивме да побараме средба со него за да видиме дали овие индиции се вистински.
Едукативното видео насловено „Финансискиот систем во Република Северна Македонија“ е прво во серијалот едукативни видеа во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.
Видеото накусо ја прикажува структурната поставеност на финансискиот систем во државата, при што особено внимание е посветено на заштитата на потрошувачите, во улога на корисници на финансиски производи и услуги.
Ова едукативно видео е второ во серијалот едукативни видеа изработени во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.
Видеото дава осврт кон клучните деловните процеси и активности на банките, при што фокусот е на депозитното и кредитното работење, односно каматните стапки.
Ова едукативно видео е трето во серијалот едукативни видеа изработени во рамки на Проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“, поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Видеото има за цел да ја поттикне свеста кај пошироката јавност во врска со значајноста на осигурувањето како форма на заштита од ризици, но и да помогне во надминување на недовербата која постои помеѓу граѓаните и осигурителните компании.
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес во соработка со новинари изработи еколошко – истражувачка приказна, како дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓансото општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓански организации и слобода на медиуми, на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Скопје.
На 18 октомври 2016 година, во спортската сала “Цар Самоил” се оддржа годинашниов Фаре турнир “FARE” (Football Against Racism in Europe) во мал фудбал во организација на ОЖО Свети Николе. На турнирот зедоа учество трите основни училишта кои се натпреваруваа меѓусебно во духот на фер-плејот. На настанот беа доделени благодарници за учество и признанија на најдобрите учесници. Признанијата беа доделени од страна на фудбалската легенда на мак-фудбалот Гордан Здравков.
The Association for protection and education of children and young Roma – “Progress” is very proud of accomplishing yet another successful collaboration with Fare network.The message we wanted to send out is that all people are equal and no matter what we should be more open and less judgmental.Sports have an incredible way of uniting people and bringing them together.
Граѓанските организации постојано бараат нови начини да ги промовираат своите активности. Во изминативе години, организациите кои користеа т.н. „герила“ акции забележаа успех во привлекувањето на вниманието во јавноста. Граѓанските активисти велат дека „герила“ акциите се добар начин да се заинтригира јавноста, да се „освојат“ социјалните мрежи и да се пренесат пораките
Позитивни практики и промени направени од 7 Граѓански организации институционални грантисти од првата година на програмата CIVICA Mobilitas.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши изработи три видео прилози со цел информирање на граѓаните за мал дел од промените и активностите кои неколку организации од невладиниот сектор ги предизвикале или направиле.
Им благодариме на организациите кои се вклучија во креирањето на видеата и кои придонесоа да се презентира по едно достигнување во последните неколку година на секоја од седумте организации.
1. Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Скопје
2. КХАМ – Делчево
3. Организација на жени – Свети Николе
4. АДИ – Гостивар
5. Флоренс Најтингел – Куманово
6. Хелтгрупер – Скопје
7. Полио Плус – Скопје
Граѓанските организации за граѓаните – позитивни практики – краток спот 1
Позитивни практики и промени направени од 4 Граѓански организации институционални грантисти од првата година на програмата CIVICA Mobilitas.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши изработи три видео прилози со цел информирање на граѓаните за мал дел од промените и активностите кои неколку организации од невладиниот сектор ги предизвикале или направиле.
Видеото во прилог вклучува 4 од 7те организации
1. АДИ – Гостивар
2. Флоренс Најтингел – Куманово
3. Хелтгрупер – Скопје
4. Полио Плус – Скопје
Граѓанските организации за граѓаните – позитивни практики – краток спот 2
Позитивни практики и промени направени од 3 Граѓански организации институционални грантисти од првата година на програмата CIVICA Mobilitas.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши изработи три видео прилози со цел информирање на граѓаните за мал дел од промените и активностите кои неколку организации од невладиниот сектор ги предизвикале или направиле.
Видеото во прилог вклучува 3 од 7те организации
1. Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Скопје
2. КХАМ – Делчево
3. Организација на жени – Свети Николе
Хигиенски пакети за ромски семејства со новороденчиња 29.04.13
Научното истражување во рамки на проектот „Јас сакам да се вратам“ што го реализираа невладините „Надеж“ од М. Каменица, „Амброзија“ од Пехчево и „КХАМ“ од Делчево со поддршка на Цивика мобилитас.
Изјава на директорката од Македонико Женско Лоби Даниела Димитриевска
Организацијата на жените на општина Свети Нииколе на ден 12.04.2017 година во соработка со Народниот музеј од Свети Николе ја реализираше изложбата „Жените од Свети Николе низ историјата“.
Изложбата беше посветена на жената борец за женски права, покојната прва претседателка на ОЖО Свети Николе, г-ѓа Вера Златева. На изложбата беа поставени биографии на 31 светиниколчанка, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области. Истражувањето го спроведе Рахела Симеонова Манева, долгогодишна активистка во здружението, заедно со поддршка на тимот во Организација на жените на општина Свети Николе ангажиран во реализирање на институционалниот грант од Цивика Мобилитас Програмата.
„Кампањата „Прав(д)а за сите“ е дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“. Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна д ги рефлектира и можностите за борба и еманципација. Во кампањата учествуваше и Елена Петровска, која ја промовираше Сигурната куќа: „Порано немаше каде да се побегне, да се најде засолниште во моментите кога тоа е најпотребно, затоа ние ја создадовме Сигурната куќа.“
Вештините на рачна изработка, кои со векови се пренесуваат од генерација на генерација, и во современи услови на живеење може да овозможат економска корист. Токму таков е примерот со жените од реканскиот крај. Тие, својот талент и креативност го користат за да станат финансиски самостојни и да се чувствуваат општествено продуктивни. Оваа видео приказна го доловува неисцрпното богатство и традиција што ја негуваат реканските жени, кои по своите производи се веќе познати и во земјата и во странство.
автор: Александар Писарев
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Краудфандинг – недоволно позната алатка за собирање пари
20 млади лидери присуствува на Лидерскиот камп кој се одржа од 5ти до 11ти мај на Пониква, Осогово. Лидерскиот камп е дел од проектот Младински лидерски иницијативи, организиран од Младите можат во соработка со Симбиотика – Институт за индивидуален и организациски развој и SEED Швајцарија, а поддржан од Civica Mobilitas и Швајцарски национален младински совет.
Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто децата со хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата? 10 до 15 отсто од граѓаните имаат некаков хендикеп, а нема кој да им излезе во пресрет. Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Оваа видео сторија прикажува неколку животни приказни на лица со хендикеп кои го надминале тоа и недостатокот го претвориле во предност. Соговорниците потврдија дека тие се навистина сложувалката која недостасува.
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто децата со хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата? 10 до 15 отсто од граѓаните имаат некаков хендикеп, а нема кој да им излезе во пресрет. Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Оваа видео сторија прикажува неколку животни приказни на лица со хендикеп кои го надминале тоа и недостатокот го претвориле во предност. Соговорниците потврдија дека тие се навистина сложувалката која недостасува.
Во Македонија има околу 3000 фантоми или лица без идентитет. Тие немаат право на здравствено осигурување и работа, не можат да гласаат, ниту да заминат од земјава. Едноставно се невидливи за системот и државата. Преку животната приказна на семејството Сулејман од Шуто Оризари, ви ја пренесуваме голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе, чиј проблем наместо системски да се реши, бројот на фантомите секоја година се’ повеќе се зголемува.
автор: Маја Јовановска
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Во Македонија има околу 3000 фантоми или лица без идентитет. Тие немаат право на здравствено осигурување и работа, не можат да гласаат, ниту да заминат од земјава. Едноставно се невидливи за системот и државата.
Преку животната приказна на семејството Сулејман од Шуто Оризари, ви ја пренесуваме голготата низ која минуваат овие семејства, но и негрижата на државата за овие луѓе, чиј проблем наместо системски да се реши, бројот на фантомите секоја година се’ повеќе се зголемува.
Жените од руралните средини имаат клучна улога во земјоделско- прехранбениот сектор, исхраната, земјиштето, управувањето со природните ресурси, како и во развојот и диверзификацијата на производството во заедниците. Жените од руралните средини беа на првата линија во давањето на одговор на кризата и последиците предизвикани од Ковид 19 и покрај тоа што најголемиот дел од нивната работа е неплатена, односно жените во руралните средини, во просек работат околу 11 часа на ден, од кои 42% е неплатена работа, додека мажите работат 9,7 часа на ден платена работа.
Видео озработено од младите волонтери на ХЕРА, во врска со нивните барања од новата Влада.
Младите бараат она што им следува – пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје!
Младите бараат:
– орална контрацепција на позитивната листа и пристап до бесплатни кондоми
– сеопфатно сексуално образование во училиштата
– младински пријателски центри за сексуално и реродуктивно здравје!
Може владини пари за граѓанскиот сектор, но под јасни услови
Граѓанскиот сектор може да биде финансиран од државниот Буџет, велат претставниците на НВО. Но, велат и дека условите по кои ќе се добиваат овие пари треба да бидат јасни, транспарентни и парите да одат кај органзиации кои ќе ги исполнат зададените барања. Се бара и Кодексот на добри пратики според кои се делат парите да стане законска обврска, а не само препорака како сега. Партиите, засега за овие предлози без конкретен одговор
МОЖЕ ВЛАДИНИ ПАРИ ЗА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР, НО ПОД ЈАСНИ УСЛОВИ
Граѓанскиот сектор може да биде финансиран од државниот Буџет, велат претставниците на НВО. Но, велат и дека условите по кои ќе се добиваат овие пари треба да бидат јасни, транспарентни и парите да одат кај органзиации кои ќе ги исполнат зададените барања. Се бара и Кодексот на добри пратики според кои се делат парите да стане законска обврска, а не само препорака како сега. Партиите, засега за овие предлози без конкретен одговор.
Видео клип кој е направен од страна на СППМД за време на проектот Hate Fighters Work Plan 2016 кој е финансиран од страна на
European Youth Foundation, Council of Europe
Овој клип произлезе од страна на младите кој учествуваа на креативната работилница за Hip – Hop .
Месната самоуправа во Македонија не е облигаторна форма. Формирањето на месни заедници во селата и урбани заедници во градовите, единствено зависи од волјата на градоначалниците и советите на општините. Нерешениот правен статус на месните и урбаните заедници, како и недостатокот на финансиски средства, простории за работа и основни материјални средства го оневозможуваат развојот на месната самоуправа, како основна форма на здружување на граѓаните во функција на решавање на локалните проблеми
автор: Александар Писарев
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
НЕРЕШЕНИОТ СТАТУС НА МЕСНИТЕ И УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ – ПРЕЧКА ЗА ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА
Месната самоуправа во Македонија не е облигаторна форма. Формирањето на месни заедници во селата и урбани заедници во градовите, единствено зависи од волјата на градоначалниците и советите на општините. Нерешениот правен статус на месните и урбаните заедници, како и недостатокот на финансиски средства, простории за работа и основни материјални средства го оневозможуваат развојот на месната самоуправа, како основна форма на здружување на граѓаните во функција на решавање на локалните проблеми.
Независната културна сцена се повеќе зема замав во исполнување на мисијата за отворање на општествено важни теми. Соочени со низа проблеми на патот кон целта, граѓанските организации за култура и уметност немаат намера лесно да се откажат во промоцијата на алтернативната сцена како пандан на комерцијалната. Оваа видео сторија потврдува дека само со помош на странските фондации културните и уметничките независни работници можат да испливаат на површина, да го изразат својот квалитет и знаење и да влијаат врз општествените процеси. Соговорниците од „Локомотива“, „Таксират“ и МКЦ Битола очекуваат посветли денови за алтернативната културна сцена
автор: Љубиша Арсиќ
Обука за граѓанско новинарство на МКЦ Битола и Тера ТВ
Во изминатите десетина години граѓанските движења направија огромни промени во општеството. Тие беа гласот на јавноста што одекнуваше низ улиците и на социјалните мрежи, во време кога многу тешко можеше да се слушнат барањата на граѓаните во медиумите. Почнуваа партизански, беа осамени во нивните битки и затоа многу полесно беа потиснувани од власта. Но, како што одминуваше времето така стануваа се погласни и помасовни, а оние кои им се придружуваа беа похрабри во своето „јас“. Се протестираше против поскапувањето на струјата, водата и парното, против полициска бруталност, против изградбата на црквата на главниот плоштад во Скопје, се изродија пленуми, се создаде „Протестирам“, најмасовна беше „Шарена револуција“, а денес битката се води за запирање на рудниците во неколку општини во државава
автор: Маја Јовановска
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.
Имаш идентификувано општествен предизвик? Ова видеа ќе ти помогне како полесно да го дефинираш проблемот кој сакаш да го решиш, но и да дојдеш до идеја и план на активности.
Истражувачка студија која се однесува на утврдување на аспекти на семејното насилство во Општина Куманово, појaва согледана од “женски агол”. Во истражувачкиот фокус се определени феноменолошки и етиолошки елементи на семејното насилство (обемот, распространетоста, видовите и причините), со акцент на насилството над жените во семејството во Општина Куманово.
https://raporto.mk/
Mënyrë e re për Komunat më të pastër dhe të rregulluar!
Prej tani e tutje, banorët e disa Komunave mund të raportojnë në mënyrë të lehtë ankesat e tyre për gropat në rrugë, trotuaret e prishura dhe problemet tjera të ngjashme me të cilat ballafaqohen në komunën ku banojnë.
“Punojmë së bashku, për një Komunë më të pastër dhe të rregulluar”
Projekti “Qytetarët për komunën: Së bashku për transparencë dhe përgjegjësi” është zbatuar nga SH.Q. NEXUS – Koncepti Civil, dhe pjesërisht i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve në Shkup.
https://mk.prijavi.mk/
Нов начин за почиста и уредна Општина!
Од сега жителите на едноставен начин можат да пријават жалби за дупки на патот, скршени тротоари и други слични проблеми со кои се соочуваат во општината
“Работиме заедно, за почиста и уредна Општина!”
Проектот „Граѓаните за општината: Заедно за транспарентност и одговорност“ е имплементиран од З.Г. НЕКСУС – Граѓански Концепт, и делумно поддржан со грант од Амбасадата на САД во Скопје. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на реализаторите / авторите и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“.
Формирана е пред шест години во струмичкото село Баница, а оттаму досега исчистени од пороци излегоа дваесетина зависници. Тие раскажуваат како биле отпишани и маргинализирани од семејствата и заедницата, а за само година и половина станале нови личности со планови за иднината.
Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“. Формирана е пред шест години во струмичкото село Баница, а оттаму досега исчистени од пороци излегоа дваесетина зависници. Тие раскажуваат како биле отпишани и маргинализирани од семејствата и заедницата, а за само година и половина станале нови личности со планови за иднината.
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Стотици луѓе кои беа осудени во изминатите десетина години сметаат дека се жртви на полициско – политички монтирани процеси. Осудениците од случаите познати како „Калдрма“, „Детонатор“, „Бачило“, „Метастаза“ и многу други бараат повторно да им се суди со цел да добијат шанса да ја докажат својата вистина и невиност. Тие се приклучија на здружението „Зелена лупа“, предводник на идејата да се донесе законско решение со кое ќе се повторат 30-тина судски случаи. Бараат правда, а не милост.
Preparing for the big world is a mobility of youth workers project, implemented by Civil society organization Youth Can, supported by the National Agency for European Educational Programs and Mobility, co-funded by the Erasmus+ program of the European Union. The event of the project was conducted in the Scout Center Ohrid in the period 2 – 9 of May 2017. 28 participants form 6 countries (Macedonia, Spain, Lithuania, Romania, Slovakia and Czech Republic) took participation on this event.
Превенција на современите форми на трговија со луѓе
Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демо- кратските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и институции и на тој начин придонесуваат за одговорно и отчетно владеење, про- мовирајќи го јавниот интерес.
Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа. Само една е легална и работи според стандарди. Македонија во ѓубре. Закони за заштита на животната средина има, реализација нема. Причина? Чини пари. Во државниот Буџет за оваа намена средства нема. Товарот ќе треба да го понесат граѓаните преку повисоките сметки за ѓубрарина. Но, политичар кој би донел ваква одлука, нема
автор: Горан Теменугов
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа. Само една е легална и работи според стандарди. Македонија во ѓубре. Закони за заштита на животната средина има, реализација нема. Причина? Чини пари. Во државниот Буџет за оваа намена средства нема. Товарот ќе треба да го понесат граѓаните преку повисоките сметки за ѓубрарина. Но, политичар кој би донел ваква одлука, нема!
Еден проект со три театарски престави, три изложби и концерти ги размрдаа жителите на струмичките рурални општини Василево и Босилово кои имаа подзаборавено на културни настани. Соговорниците во оваа видео сторија го нагласуваат континуитетот како важен елемент за опстојување на културата низ селските средини, кој сега недостасува. И професионалците и аматерите сведочат за важноста на културните случувања за кои публиката е гладна. Ако целта е да се изградат генерации кои ќе негуваат култура и уметност тогаш селата не смее да останат во изолација
автор: Љубиша Арсиќ
Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас
Еден проект со три театарски престави, три изложби и концерти ги размрдаа жителите на струмичките рурални општини Василево и Босилово кои имаа подзаборавено на културни настани. Соговорниците во оваа видео сторија го нагласуваат континуитетот како важен елемент за опстојување на културата низ селските средини, кој сега недостасува. И професионалците и аматерите сведочат за важноста на културните случувања за кои публиката е гладна. Ако целта е да се изградат генерации кои ќе негуваат култура и уметност тогаш селата не смее да останат во изолација.
Што значи младинско и средношколско учество? Зошто е важно? Што е училишна заедница? Дали ги знаеш твоите права како ученик? Сe уште мислиш дека не можеш ништо да сториш?
Состанок на ССКМ, КХАМ и стопанственици од општина Делчево 22.07.2013
Видеото за работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвено во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје.
Телевизиска емисија во склоп на проектот ,,Потребите на граѓанинот на прво место”
Клучна улога за сензибилизирање на јавноста имаат медиумите, поради што главна активност во овој проект беа ТВ дебатите. Учесниците во емисиите ќе се претставници од сите сфери на општественото живеење, кои ќе имаат можност јавно да го искажат личниот став по одредено прашање. Темите во ТВ дебатата ќе произлегуваат од актуелните проблеми во социјалната сфера, економијата, образованието, здравството, инфраструктурното уредување,проблемите на етничките заедници односно ќе се отвораат прашања кои се од интерес на населението и за кои што сакаме да го поттикнеме јавно да проговори и да ги мапира проблемите.
ТВ дебатите ќе се продуцираат на неделна основа во времетраење од 45-50 минути, со тековно одредување на темите на истите, во зависност од актуелните случувања во регионот. Изборот на темите, како и соговорниците кои ќе дебатираат на истата, ќе го врши тим составен од претставник на здружението – координатор на проектот и од претставници на партнерот во проектот – Телевизија ТВМ. За анимирање на јавноста со цел учество во креирање на емисиите со предлагање на теми ќе се искористат:
ФБ страните на здружението и на Телевизија ТВМ
е-маил адреса отворена за потребите на емисијата
промо најави за емисијата кои ќе се емитуваат на Телевизија ТВМ.
Во предвидениот проектен период од 3 месеци, реализиравме 12 емисии
Видеото е изработено од волонтери на организација на жените на општина Свети Николе за конкрусот – избор за најдобар мултимедијален производ на тема Трговија со луѓе, кој беше објавен од невладината организација Отворена Порта- Ла страда од Скопје.
Видеото е изработено од волонтери на организација на жените на општина Свети Николе за конкрусот – избор за најдобар мултимедијален производ на тема Трговија со луѓе, кој беше објавен од невладината организација Отворена Порта- Ла страда од Скопје.
Граѓанскиот сектор освен што бара јасни услови по кои ќе се делат парите од државниот Буџет, бараат и сретствата да бидат драстично зголемени. Се предлага менување и на моделот на распределба на парите од Државната Лотарија. Со овие две промени, дел од невладините органзиации посочуваат дека ќе се намали финансирањето на граѓанските организации од странски донатори.
Во пресрет на празникот „св. Климент Охридски“ Филозофското друштво на Македонија организираше пригодно предавање на д-р Дејан Донев (вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет), насловено: „За основите на етиката на св. Климент Охридски“. Настанот на отворањето беше збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски под менторство на Менче Стојановска. Предавањето се одржа во ЕУ Инфо Центарот на 7 декември 2017 година. Голема благодарност до нив за отстапениот простор, како и на ООУ „Љубен Лапе“ за уприличувањето на настанот.
Завршно видео за националниот проект „Македонија без отпад 2016“
„Ајде Македонија“ со поддршка на Civica Mobilitas и компаниите Осигурување Македонија и Ekonelektron ја организираа најуспешната акција за чистење на Македонија досега. Погледнете го завршното видео од националниот проект „Македонија без отпад 2016“ во кој учество земаа над 16000 учесници, 70 граѓаниски организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини.
ЖЕНИТЕ НЕ СЕ ЖРТВИ САМО НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО, ТУКУ И НА ЗАКОНИТЕ И НА ИНСТИТУЦИИТЕ
Во последните пет години во Македонија 28 убиства се заведени како семејно насилство. Билтените на МВР секојдневно се полни со инциденти во кои се претепани жени, сопруги, девојки. Само во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица за семејно насилство. Од нив, дури во 94 отсто од случаите насилниците се мажи. Невладините организации со години предупредуваат дека закон има на хартија, но недостасува интегриран систем на институции кои го третираат овој проблем. Владата најави дека ќе се заложи за решавање на овој проблем преку ратификување на Истанбулската конвенција, меѓународен документ кој ги обврзува државите да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите на семејно насилство и казнување на сторителите.