fbpx
x
Мени

БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ЖРТВИ НА БЕЗУМНИТЕ ЛУЃЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ „МРТВИ“

Ѕверски убиеното куче Идриз стана симбол на граѓанскиот бунт спрема инертноста на институциите

БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ЖРТВИ НА БЕЗУМНИТЕ ЛУЃЕ – ИНСТИТУЦИИТЕ „МРТВИ“

Ѕверски убиеното куче Идриз стана симбол на граѓанскиот бунт спрема инертноста на институциите

Десетти квартален извештај. Мониторинг на процесот на јавни набавки во РМ

Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок
број на поништени тендери во второто тромесечје од го­ динава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки. Поништени се дури 32,5% од мониторираните тендери, при што сите одлуки за поништување се донесени од страна на самите државни институции.

ЕКОНОМСКО ЈАКНЕЊЕ НА ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ – ПРЕДИЗВИК, МОЖНОСТ ИЛИ НЕДОСТИЖНА ЦЕЛ?

Женското претприемништво е возможно и
функционално и во руралните средини.
Потребен е само соодветен влог во ресурси и
менување на перцепциите за да можат
жените да се докажат со “посилниот” пол коj
што е сеуште многу доминантен во
руралните средини. Само 38% од жените во
руралните средини се сметаат за економски
активни и само 22% од семејните
земјоделски стопанства се регистрирани на
жени .Дури 58% од жените во руралните
средини немаат лични примања, што е
двојно повеќе од мажите. Жените во
руралните средини, во просек работат околу
11 часа на ден, од кои 42% е неплатена
работа, додекамажите работат 9,7 часа на
ден платена работа.

ХАОТИЧНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

Само неколку општини имаат капацитет да ги спроведат регулативите за Б-интегрирани еколошки дозволи. На терен владее вистински хаос. Нема координираност меѓу централната и локалната власт. Една иста парцела добива дозвола и за куќа и за фабрика.

автор: Горан Лефков

Законодавството за имплементација на Б-интегрираните еколошки дозволи доживеа целосен дебакл во Македонија. Се обидовме да дознаеме колку Б-интегрирани еколошки дозволи се издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, но оттаму не одговараат.

Користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се обидовме да добиеме податоци од општините што се одговорни за издавање Б-интегрираните еколошки дозволи, но само 40-ина општини одговорија, од вкупно 80. Град Скопје е надлежен за издавање на Б-интегрираните еколошки дозволи за скопските општини, но оттаму не добивме податоци за тоа колку дозволи се издадени досега.

И по 10 години од донесување на уредбата за имплементирање на Б-интегрираните еколошки дозволи, експертите се сомневаат дека општините имаат капацитет за оваа регулатива.

Во многу локални самоуправи, општинскиот инспекторат нема капацитет и знаење за да ги имплементира уредбите за Б-интегрираните еколошки дозволи“, вели Александра Бујаровска, правник со специјалност во имплементација на еколошкото законодавство.

На терен се создаваат големи проблеми. Централната и локалната власт не се координираат околу издавањето на дозволите, со што граѓаните се доведени во заблуда.

berat-sela

„Имаме ситуација овде, во Струшко, каде што институциите на централно ниво користеле стари планови на населените места, кои во меѓувреме се изградени со објекти што се легализирани“, вели Берат Села, основач на невладината организација „Натура“ од Струга.

Тие спроведуваа проект поддржан од програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и ова се нивните сознанија.

 

 

 

Добар закон, лоша имплементација

Законодавството за Б-интегрирани еколошки дозволи е оценето како добро, бидејќи најголем дел е препишано од европската регулатива. Кај нас периодот за усогласување и за имплементирање на законодавството за интегрираните дозволи, беше од 2007 до април 2014 година. За оваа намена од 2005 до 2007 година од тогашната влада на Владо Бучковски се направи инвентарен лист со компаниите што треба да побараат Б-интегрирани еколошки дозволи. Во овој инвентарен лист се најдоа 260 инсталации (фирми).

aleksandra-bujarovska

„Според ова законодавство, сите загадувачи и со А и со Б дозволи требаше да ја усогласат својата технологија и во април 2014 година да ги добијат интегрираните дозволи. Некои од големите фирми какви што се ‘Југохром’, ‘Осломеј’ и РЕК ‘Битола’ не успеаја да се усогласат согласно со граничните вредности за емисии во природата. За овие има некакви информации. Во однос на малите загадувачи, кои подлежат на Б-интегрирани еколошки дозволи, немаме никакви информации. Речиси никој нема информација до каде е со нивната имплементација и колку тие загадуваат. Општинските инспекторати мислам дека немаат ниту време, а камоли знаење да ги следат загадувачките емисии на природата од инсталациите што подлежат под Б-интегрирана еколошка дозвола“, вели Александра Бујаровска.

Таа се сомнева дека Државниот инспекторат за животна средина има капацитет да ги имплементира пропишаните стандарди на дело, а, пак, општинските инспекторати воопшто немаат капацитет.

Директивата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, која е транспонирана во нашето законодавство, веќе не постои. Веќе има нова и се вика директива за индустриски емисии. Директивата за индустриско загадување ќе биде транспонирана во нашето законодавство. Измените во оваа директива дополнително треба да се транспонираат кај нас.

Наредниве година-две ќе има измени во законодавството и имплементација на новите директиви.

Мал е процентот на компании што навистина ги исполнија стандардите за добивање Б-интегрирани еколошки дозволи.

 

Во 40 општини издадени само 80 дозволи

За потребите на оваа сторија, тимот на Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, направи истражување за бројот на издадени Б-интегрирани еколошки дозволи. Упативме барања по слободен пристап до информациите од јавен карактер до сите општини во Република Македонија. Одговорот на овие барања беше половичен. Само 42 општини одговорија на нив.

Во овие општини се издадени 86 Б-интегрирани еколошки дозволи, за 39 инсталации се издадени дозволи за усогласување со оперативниот план. Иако краен рок за имплементација на законодавството за Б-интегрирани дозволи беше април 2014 година, сепак во процедура има уште 38 барања.

Според податоците на СКУП, од 2007 година до ноември 2013 година само 30-ина компании имаа дозвола за усогласување со оперативниот план, која подоцна требаше да прерасне во интегрирана еколошка дозвола. Се разбира, ако ги исполнат условите во оперативниот план. Потоа се случува вистинско расфрлање со дозволи, смета Александра Бујаровска.

„Од ноември 2013 до април 2014 година, за нецели 6 месеци добија дозволи 150 инсталации. Првично беа 170, ама некои од фирмите се откажаа. Енормен е бројот на издадени интегрирани еколошки дозволи за толку краток период. Во периодот додека се издаваа овие дозволи, намерно или не, не работеше веб-страницата на Министерството за животна средина. Основен извор за некоја компанија дека аплицирала и добила дозвола беше веб-страницата на Министерството за животна средина“, смета Бујаровска.

Интересен е случајот со Општина Гостивар. Таму 8 фирми поднеле барања за Б-интегрирана еколошка дозвола. Ниту една од тие фирми нема добиено Б-интегрирана еколошка дозвола, 5 сè уште остануваат во процедура, додека 3 се одбиени поради одземање на концесијата за ископување минерални суровини.

Во одговорот на Барањето за слободен пристап до информациите од јавен карактер упатено до Општина Радовиш, се наведува дека во општината не постојат инсталации што подлежат на издавање Б-интегрирана еколошка дозвола, иако во инвентарниот лист се наведени 3 компании од оваа општина, кои треба да го намалат загадувањето во дозволените рамки и да добијат Б-интегрирана еколошка дозвола.

 

Неподготвени општини, лоша имплементација

Општините во Македонија воопшто не беа подготвени за имплементација на регулативата за Б-интегрираните еколошки дозволи. Само мал број општини имаа луѓе и знаење да ги спроведат. Според Љупка Глигорова, диплoмирaн инженер зa зaштитa нa живoтнaта срединa, општините Велес, Струмица, Битола и дел од скопските општини имаат капацитет и знаење за имплементацијата на ова законодавство, додека другите, а особено помалите општини, немаат.

Најголем дел од фирмите (паушална процена 90%) имаат поднесено барања за дозволи, меѓутоа голем дел од нив не ги исполнуваат целосно условите во дозволите, а за голем дел не се завршени и постапките за премин од дозвола за усогласување во интегрирана еколошка дозвола“, вели Глигорова.

Таа додава дека отсуствува инспекцискиот надзор за имплементација на обврските на законодавството за интегрираните дозволи. Ако инспекторите ги притиснат, тие ќе мора да го имплементираат. Вака фирмите без контроли од инспекциите никогаш нема сами да го спроведат тоа законодавство, смета Глигорова.

Александра Бујаровска вели дека во 90% од случаите, фирмите поднесуваат непотполни барања до општините.

До средината на 2008 година имаше рок за добивање Дозвола за усогласување со оперативен план. За да го фатат овој рок, фирмите поднесоа 170 половично пополнети апликации за А-интегрирани еколошки дозволи. Истото па дури и полошо се случи и на општинско ниво“, смета Бујаровска.

Според Законот, доколку фирмите што требаше да земат Б-интегрирани еколошки дозволи не го направат тоа до април 2014 година, треба да се затворат. Но подоцна се интервенираше со некои ситни измени и денес речиси и да нема компанија што е затворена затоа што не поседува Б-интегрирана еколошка дозвола.

 

Каменоломите го трујат Лабуништа

Проблемите со издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи најдобро на терен се гледаат во Струшко. Во Лабуништа има 5 каменоломи веднаш до селото. Загадувањето на воздухот и на другите медиуми од овие каменоломи е огромно.

Според Алија Тасими, претседател на Месната заедница во ова село, проблемот е огромен.

alija-tasimi

„На еден од каменоломиве во Лабуништа му дале дозвола за преработка на песок иако од авион се гледа дека нема услови да работи каменоломот. Ние како граѓани сметаме дека три од каменоломите немаат основа за Б-интегрирана еколошка дозвола. За два од каменоломите знам дека немаат добиено согласност од Месната заедница, но за третиот сум сигурен дека нема согласност од нас како Месна заедница, а нема и Б-интегрирана еколошка дозвола. Без согласност на месното население, не може да се комплетира документацијата за Б-интегрирана еколошка дозвола“, вели Тасими.

Лабуништа има околу 1.700 куќи и околу 10.000 жители. Граѓаните најмногу на сопствена кожа го чувствуваат проблемот.

„Цело село има мака од каменоломот. Малку не е јасно зошто во таа населба, каде што сега и куќи се градат, ние како жители на Лабуништа бараме да се престане со загадувањето. Имаме база за преработка на камен, која работи два-три часа дневно, таа создава прашина, ама не е толку штетна како каменоломите. Тие кога вадат камен, вадат по 40-50 камиони дневно. Кога камионите поминуваат, целата прашина завршува во населбата. Кога ќе заврне, на возилата има по 2 сантиметри прашина. Воздухот е многу загаден. Цело село страда од каменоломите. Кога поминуваат камионите по патот, се крева многу прашина, тоа е нешто неверојатно“, вели Џабир Асаноски од Лабуништа.

labunista-2

Од НВО „Натура“ од Струга се против издавањето дополнителни дозволи во Струшко.

„Ние како еколошко друштво ‘Натура’ сме против издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи на дополнителни каменоломи во Струшко. Само во Струга и Струшко има 17 каменоломи. Тоа е премногу“, смета Села.

Според податоците на Општина Струга, во Лабуништа само каменоломот Влаши има Б-интегрирана еколошка дозвола. Инаку, општината има издадено вкупно 6 Б-интегрирани еколошки дозволи.

Што значи Б-интегрирана еколошка дозвола

А и Б интегрираните еколошки дозволи започнаа со имплементација во 2007 година. Тогаш за првпат се направија измени на Законот за животна средина, каде што загадувачите, во зависност од тоа со колкав капацитет работат, ги поделија на А и Б интегрирани еколошки дозволи.

Со воведувањето на овие дозволи, во Законот за животна средина се имплементира директивата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето на Европската Унија. Целта на ова директива е да се сведе на минимум загадувањето од ваков тип инсталации. Интересното кај оваа директива е тоа што има интегриран пристап. Загадувањето врз воздухот, водата и почвата се набљудува интегрирано. Значи, со оваа директива се контролира целокупното загадување, кое може да произлезе од одредена инсталација (фабрика). Порано имало посебна дозвола за вода, за испуштање на водата, за користење на водата, за загадување на водата. Одделни дозволи имало и за отпадот. Целта е со усовршување да се постигнат нула емисии, нула креирање отпад, максимална енергетска ефикасност на самата постројка и најмало трошење на ресурсите.

Извештај за дигитална писменост и користење на е-услуги во руралните средини

Во Република Северна Македонија, се најавуваат законски промени преку кои
граѓаните ќе може да креираат електронски идентитет, преку кои услугите од
институциите ќе ги добиваат електронски. Сето тоа води кон трансформација
на јавните услуги и нивна дигитализација. А тоа би придонело до заштеда на
пари, поквалитетни јавни услуги и зголемена транспарентност, полесен
пристап до податоци и секако бришење на воспоставениот бирократски систем.
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на
Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без
глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат
обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат
одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и
производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го
зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени,
екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои
постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
Во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и
рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од
4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од
871.400.000 евра во 2014 година на 910.900.000 евра во 2019 година, освен во
2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна,
релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е
намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена
во останатите попропулзивни економски дејности.

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА СОВЕТОТ ЗА СОРАБОТКА СО И РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор е советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор во Република Северна Македонија.

Советот ја следи и анализира јавната политика која се однесува и/или влијае на граѓанскиот сектор; иницира
донесување на нови или изменување и дополнување на постојните прописи за унапредување на правната и институционалната рамка за делување на организациите; дава мислење по предлози на закони, стратегии, програми и други правни акти кои се однесуваат или влијаат на развојот и на делувањето на
граѓанскиот сектор.

На малите производители со едноставен јазик да им се објаснат условите за продажба од куќен праг

Сирења, кашкавали, слатки, мармалади, мед, риба, макала, зачини и пекарски домашни специјалитети, се само дел од широката лепеза традиционални производи што нашите земјоделци, посебно оние од руралните средини, веќе можат и легално да ги продаваат, директно од дома или на фарма.

Ова го предвидуваат неодамна донесените два правилника ( за храна од животинско и за храна од неживотинско потекло ) со кои значително се олабавија условите за производство/преработка.Правилниците наметнуваат само основни, елементарни критериуми, најмногу во однос на хигиената, кои мора да се исполнат. Но, дали земјоделците тоа го знаат, дали се доволно запознаени со минималните услови и стандарди што од нив се бараат? Од друга страна, колкава е довербата на потрошувачите во ваквите производи, како тие ќе знаат дека она што го купуваат е безбедно и сигурно за консумација и кој ќе гарантира за квалитетот ?

НОВИНАРСКА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИJА: МЛАДИТЕ ОД КУМАНОВО И СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Младите од Куманово и Старо Нагоричане сакаат да се вклучат во донесувањето на одлуки на локално ниво, сакаат да ги кажат своите предлози, идеи и решенија за проблемите со кои се соочуваат.

Различни се потребите на младите од двете општини со оглед на фактот што едната Куманово е урбана средина со скоро 120.000 жители и втората е рурална општина со само 3.500 жители.

Но, заеднички им се визиите за убаво пристојно живеење во кое младиот човек ќе ги има сите потреби за градење на иднината во својата локална заедница.

Недостигаат многу работи од културни центри, до места за дружење, спортска и забавна инфраструктура, па сè до покрупни стратегии кои го решаваат нивниот горлив проблем со невработеноста.

Охрабри се и не молчи за семејното насилство

Иако насилството врз жените се смета за прилично распространет феномен во земјата и дури три од пет жени сметаат дека насилството врз жените е вообичаено, а речиси три од десет сметаат дека тоа е многу честа појава, сепак многу малку жени од Ромската популација се свесни за постоењето на семејното насилство и многу ретко соодветно одговраат на истото. Земајќи го предвид фактот дека семејното насилство е длабоко распространето и вкоренето меѓу Ромските семејства како воспоставена пракса и семејна вредност, сепак ова истражување покажа дека Ромската жена може да препознае семејно насилство, меѓутоа не е подготвена и има ниска свест за самостојно и соодветно да реагира. Проектот „Охрабри се и не молчи за семејното насилство“, овозможува да се разгледаат неколку компоненти од семејното егзистирање на ромската жена и на тој начин да се препознаат недостатоците кои општеството ги има за зајакнување на свеста на жената во оваа област и меѓу оваа целна група. Жените, етнички Ромки имаат потрадиционални ставови и гледишта отколку општата популација. Прифаќањето на насиството врз жените и третирањето на насилството како приватна работа би можело да ги лиши овие групи на жени од пристапот до помош. Меѓутоа, затоа се овде институциите да одговорат соодветно и да развијат меѓусекторски пристап за решавање на семејното насилство врз жените од Ромската етничка заедница. За да се постигне ова, институциите во соработка со бизнис секторот и граѓанските организации, заеднички треба да работат на економско зајакнување на Ромската жена, кое ќе ја направи независна и слободна при донесување на суштествено важни одлуки. Меѓутоа, не треба да се заборави и социјалниот и здравствениот аспект, преку кои ќе се зајакне позицијата на жената Ромка во општеството преку учество и давање придонес во јавниот живот, а во исто време ќе се зајакне нејзината свест и одговорност за нејзиното здравје, преку рамноправно донесување одлуки во семејството за проширување и развој на истото

Истражувањето е дел од проектот “Охрабри се и не молчи за семејното насилство” кој е овозможен со финансиска поддршка од Цивика мобилитасСодржината на оваа публикација е единствена одговорност на (Здружението на Ромите Черења Штип) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат“.

Ракот најмногу убива во Свети Николе

РАКОТ НАЈМНОГУ УБИВА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ

Ракот на дојката се зголемил за 50% во Свети Николе за само 2 години. Во 2016 година се регистрирани 20 случаи на рак на дојка во Овчеполијата. Светиниколчани се сомневаат во исправноста на водата за пиење од поранешниот систем „Мавровица“. Никој не ги истражува причините за оваа болест.

Автор: Горан Лефков

Свети Николе е еден од рекордерите според бројот на регистрирани случаи на рак на дојка. Во изминатата година дури 40% од сите случаи на рак на дојка во Вардарскиот Регион се регистрирани во Овчеполијата. Според податоците што ги добивме од Центарот за јавно здравје во Велес, користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, малото овчеполско гратче минатата година имало 20 случаи на рак на дојка. Ист број заболени жени има и во Кавадарци, иако е двојно поголем од Свети Николе. Во другите центри од овој регион, Велес, Неготино и Гевгелија, вкупно има регистрирано само 10 нови случаи.

Никој не знае кои се причините за така високите стапки на рак на дојка во Свети Николе. Се нагаѓаат различни појави, но ниту една не е истражена. Разговаравме со повеќе лекари што ја следат оваа состојба.

Онкологот Милан Ристески, поранешен директор на Клиниката за онкологија, вели дека годишно од оваа болест на територијата на Македонија заболуваат околу 1.200 жени.

Ракот на дојката е застапен со околу 50% од сите новорегистрирани пациентки болни од канцер“, вели Ристески.

Просекот на ниво на Македонија е дека на секој 10.000 жители, во земјава од рак на дојка заболуваат по 5,7 жени. Во Свети Николе на 10.000 жители заболуваат по 11 жени, што е двојно повеќе од државниот просек.

Ваквите алармантни состојби ги мобилизираат жените од овој град и започнуваат да дејствуваат преку Организацијата на жени од Свети Николе, невладина организација што е финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој преку програмата „Сивика мобилитас“, која уште пред 20-ина години ги започнува првите чекори за помош на овие жени.

Водата за некого живот, за некого смрт

Причинителите на високата стапка на рак на дојка не ги знае никој.

Д-р Панче Јосев имал некои провизорни можности да ги испитува причините за високата стапка на рак во Овчеполијата.

Кога почнував со работа како млад лекар во Здравствениот дом во Свети Николе, ме испратија на меѓународен конгрес во Охрид. Таму беа прикажани податоци дека Свети Николе води со канцероматозни заболувања во Македонија. Бев вознемирен и побарав дискусија за да утврдиме која е причината за оваа состојба. Кога се вратив, од тогашниот директор бев ослободен од работни обврски, а со задача да ги испитам причините што можат да бидат фактор што ги предизвикува овие болести“, се присеќава д-р Јосев.

Тој го започнува истражувањето со рудникот за азбест во Богословец, но не наоѓа ниту еден факт што ќе го насочи да го истражува рудникот како можен причинител за ракот во општината.

Тогашниот директор ми даде список на сите вработени и на лица што претходно работеле во рудникот, и сите беа живи и здрави, освен еден поранешен рудар, но кој починал во длабока старост. Таму вработените кога ќе завршеа со работа и кога требаше да се пресоблечат, не можев да ги препознаам. Сите беа прекриени со ситни честички од азбест, како иње во зима. Кога ќе се истресеа, од нив паѓаа 5-10 килограми азбест, но никој од нив не заболе од рак. Тоа ме наведе да не размислувам толку дека азбестот е причина за малигните заболувања, пред сè за рак на дојка“, вели д-р Јосев.

Следна дестинација му била антената на Ѓуриште (планина на 15 километри од Свети Николе, која се користи за временска прогноза и која покрива територија од половина Балкан).

Ниту еден вработен во таа станица немаше заболен. Ако зрачењето е толку штетно, и некој од нивните вработени ќе бил заболен. Тие зраци се пуштаат на 200 до 300 метри над Свети Николе, така што причината за радарот во Свети Николе ја елиминирав тогаш“, се сеќава Јосев.

На крај му останува да ја анализира водата.

Потрошувачката на калиум перманганат беше за 8 пати зголемена. Тоа беше индикатор што покажува дека во водата има големо присуство на органски материи. Имаше високи вредности на манган исто така. Во еден момент се однесе примерок од водата во лабораторија во Брисел. Таму беше детектирано присуство на висок процент на органски материи. Во процесот на производство на секундарна вода, на крајот во процесот на хлорирањето се случува страотна работа. Хлорот и органските материи прават некое соединение трихалометан. Ова е висококанцерогено соединение. Веќе имавме некои првични индиции што би можеле да предизвикаат рак. Се претпоставува дека Свети Николе го плаќа цехот на тој трихалометан“, вели Јосев.

Тој смета дека одговорност има кај повеќе фактори во Свети Николе.

Не знам зошто тогашниот директор на Комуналното претпријатие во Свети Николе елаборираше дека ние имаме поубава вода од Рашче, а кога таа беше лоша. Под секоја анализа од Центарот за јавно здравје од Велес пишуваше дека водата не е за употреба, раководителот под итно да преземе мерки – ги цитирам зборовите од извештајот. Зборовите ми се врежани во глава. Под секој извештај ова беше напишано со црвено“, смета д-р Јосев.

Го консултиравме Трајче Стафилов од Институтот по хемија, но не можеше да ни даде подетални информации колку трихалометанот е канцероген за здравјето на луѓето.

И според д-р Ристески, соединението може да биде канцерогено, но треба да се извршат детални испитувања на повеќе фактори што би можеле да бидат причина за ваквите стапки на рак на дојка. Според неговото мислење, ваквите сознанија не се доволни да се утврдат причините.

Организацијата на жени на Свети Николе ја започнува битката со ракот на дојката

Не можејќи повеќе да седат со скрстени раце и да гледаат како ракот ги коси светиниколчани, жените на чело со поранешната претседателка Вера Златева, која исто така починала од рак на дојка, започнуваат со првите форми на помош на жените.

Од самиот почеток во работата на Организацијата на жени се вклучува прим. д-р Гордана Митева, од групата за самопомош при Организација на жени на Свети Николе.

Добивме податок дека Свети Николе е прво по смртност од рак на дојка во Македонија. Во тој момент започнавме активности во две насоки: да ги информираме жените како да ја превенираат болеста и започнавме да правиме работилници за ракот на дојката. Започнавме и со групи за самопомош на жените што веќе се зафатени со болеста“, вели д-р Митева.

Овие групи функционираат од 2001 година. Во неа има едукатори, какви што се психолог и лекар.

Но борбата продолжува и понатаму. Според сегашната претседателка на организацијата на жени Даниела Панева, тие започнуваат да се организираат и со други активности.

Нашата организација ги брани женските права и колку можеме им помагаме на жените. Ако имаме услови, финансиски им помагаме. Успеавме да излобираме промена на Законот за здравствена заштита каде што се донесоа бесплатните гинеколошки прегледи. Успеавме да воведеме и бесплатни мамографски прегледи за жените, со цел да дејствуваме за рано откривање на ракот на дојката и да дејствуваме превентивно. Во 2004 година успеавме да излобираме воведување пап-тестови. Ние ја започнавме иницијативата со 15 други невладини женски организации за промена на Законот за здравствена заштита, со која ќе се воведат бесплатни пап-тестови и мамографски прегледи“, вели Панева.

Таа додава дека имаат големо разбирање и од Општина Свети Николе, доколку им затреба нешто.

Плодната активност на Организацијата на жени во делот на борбата против ракот ја истакнува и Јасмина Трајчева, проект-координатор на институционалниот грант на „Сивика мобилитас“ при Организацијата на жени на Свети Николе.

Жените со малигни заболувања ни се целна група во здравствената програма на Организацијата на жени. Фокусот е на малигните заболувања, со тоа што имаме група жени заболени и лекувани од малигни заболувања“, смета Трајчева.

Таа додава дека Организацијата на жени на Свети Николе, заедно со 16 други невладини женски организации на национално ниво, излобира воведување амандман за бесплатни гинеколошки прегледи и скрининг-програма за секоја жена еднаш годишно.

Подоцна на иницијатива на оваа организација, во Македонија се носи и првиот мамограф, се сеќава и д-р Имер Селмани, поранешен министер за здравство.

 

Организацијата на жени на Свети Николе е многу активна, се бореше и се бори за подигање на свеста пред сè кај жените, за опасноста од карцином на дојка Тоа е една од првите организации со која јас како министер сум имал контакт, сум ги примил, потоа и ги посетив во Свети Николе. Општината Свети Николе предничи по заболени жени од карцином на дојка. По таа средба со Организацијата на жени на Свети Николе, по предлог на Министерството за здравство, додека бев министер беше донесена одлука на Владата за набавка на мамограф“, вели Селмани.

Тој додава дека по Свети Николе, се донесе одлука за набавка на други мамографи и за други медицински центри низ Македонија. Организацијата на жени е заслужна за набавката на овие мамографи не само во Свети Николе туку и пошироко.

Блиска соработка со Организацијата на жени од Свети Николе имаат од невладината организација „Борка“ – Скопје.

„Имаме константна соработка со Организацијата на жени од Свети Николе во последните 10 години. Тие нè поддржуваат во организирањето на кампањата за подигнување на свеста за борба против ракот на дојка „Напред розово“, велат од „Борка“.

Дали е ова доволно? Сепак, не. Македонија нема регистар на болни од рак, со што се усложнува борбата против оваа подмолна болест.

Историјат на водата во Свети Николе

Историјатот на системска употреба на вода во Свети Николе започнува во 1965 година, кога е изграден градскиот водовод. Во тој период градот користи вода од бунари.

  • По изградбата на браната „Мавровица“, во близина на Свети Николе во 1984 година, градот започнува да пие вода од оваа акумулација.
  • На 21 април 2003 година официјално водата од оваа акумулација се прогласува за техничка и се забранува за пиење.
  • Започнуваат ископини во месноста Дивљак, но таа вода многу кратко или никогаш не се користела.
  • Во 2009 година започнува да се користи водата од хидросистемот „Злетовица“ како пробна.
  • Во 2012 година се започнува со нејзино фактурирање

Сторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Репрезентација: Празни дупки за полни стомаци

Истражувањата на СКУП покажаа дека општините не штеделе на репрезентација. Општина Охрид за само еден ден набавила 50 килограми јагнешко. Не е јасно кој се омрсил. Ништо подобри не се ниту другите општини. Некои од нив набавувале бисери, златни ланчиња, плишани играчки

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (ВТОР ДЕЛ): КАФЕАНСКИТЕ ФАКТУРИ СЕ КРИЈАТ КАКО ДА СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА

Сумите кои се трошени на угостителски услуги во некои од овие ресторани достигнуваат и до 3.000 евра на годишно ниво

Родова анализа на лидерските позиции и општинските програми за 2020/2021 година

Европската повелба за еднаквост го вбројува рамноправното учество на мажите и жените
при донесување на одлуки како предуслов за демократско општество правото на еднаквост
помеѓу половите, бара да локалните и регионалните власти ги превземат сите соодветни
стратегии, со цел да се промовира балансирана застапеност и учевство на мажите и жените
во сите сфери на одлучувањето.
Оваа анализа го користи следниов пристап: а) најпрвин прави родова анализа на учеството
на мажите и жените во одлучувањето на локално ниво; б) потоа прави родова анализа на
програмите; и в) на крај прави родова анализа на буџетите на 17те општини кои се вклучени
во проектот.

THE PERCEPTIONS AND UNDERSTANDING OF TRAFFICKING IN HUMAN BEINGS AMONG SECONDARY SCHOOL STUDENTS

This Analysis is a segment of the Project entitled “All Together in Prevention of child and girls trafficking” implemented by the Roma Women and Youth Association “LULUDI” in the time period between September 2020 and May 2021. This project was financially supported by the European Union and the Council of Europe within the framework of the joint program of the EU and the Council of Europe – Horizontal Instrument for Western Balkans and Turkey 2019-2022.

Учеството на жените Ромки во политиката на локално ниво

Ова истражување беше спроведено непосредно пред локалните избори 2021 година, има за цел да даде одговори на прашањата колку кандидатите за градоначалници во своите програми планираат да им служат на граѓаните и дали ги разбираат посебните потреби на различни категории на граѓани ставајќи се во релација колку од нив имаат информации за родовата компонента во владеењето на локално ниво.
Второто прашање е колку од кандидатките за советнички ја познаваат родовата машинерија на локално ниво и како би ја употребиле за да ги задоволат потребите на жените од општина Шуто Оризари.
Третото прашање треба да ни понуди одговори во смисла дали кандидатите за градоначалници/чки и советничките имаат општи познавање од функционирањето на локалната самоуправа и ингеренциите која таа ги има, како и дали имаат заложби и сфери на интерес кои евентуално би ги застапувале во текот на нивниот мандат во општина Шуто Оризари.
Четврто прашање е како жените од останатите општини гледаат на учеството на жените во политиката во генерална смисла, но и на учеството на жените Ромки во политиката.

ЗДРАВСТВОТО ВО КАНЏИТЕ НА БИРОКРАТИЈАТА

Македонија е трета во Европа по смртност од рак, а немаме ни обичен регистар на болни! Како може здравствениот систем да стигне до национална стратегија за борба против тешките болести, како што е ракот? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Но, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите.

Пишува: Љубиша АРСИЌ

Во првите 12 часа на 4 ноември (петок), електронскиот систем на „Мој термин“ регистрираше околу 20 илјади упати за пациенти и повеќе од 60 илјади издадени рецепти. Податоците, на прегледен начин, со промени од секунда во секунда, се презентираат секојдневно на livedashboard.zdravstvo.com.mk, страница посветена на „Мој термин“, а потпишана од Министерството за здравство. Ако неколку дена ги следите податоците, ќе забележите дека постојано бројките се во десетици илјади, и тие за упати и тие за рецепти, а од дијагнозите најмногу се повторуваат неколку. Доминира дијагнозата со ознака I10 (И10) или покачен крвен притисок без утврдено потекло, потоа N40 (Н40) или хиперплазија на простата, Е10 поврзана со шеќерот и инсулинот, R10 (Р10) со болки во стомакот.

Овие он лајн-податоци можат да послужат за точно следење на здравјето на пациентите, односно за утврдување на листата со најбројни дијагнози, на таа со издадени терапии, а потоа во една поширока анализа на податоците да се дефинира Регистар на болести. Ова е само еден од начините како здравствените власти можат да почнат со создавање на тој нужен документ доколку државата навистина сака вистински да се заложи за превенција на болести, нивно дијагностицирање и лекување.

 

РАКОТ ЌЕ НЕ ИЗЕДЕ ДОДЕКА НАПРАВИМЕ РЕГИСТАР

Еве, да земеме само еден пример – според очекувањата на Светската здравствена организација, до 2020 година на глобално ниво, ракот ќе биде на прво место според смртноста. Македонија не е исклучок затоа што и тука, иако не постои до крај прецизна статистика, рапидно се зголемува бројот на малигно болните. Овој застрашувачки податок мора да ги принуди здравствените власти да дефинираат национална стратегија, која ќе содржи мерки за превенција, но и вистински избор на лекови. Едноставно, надлежните да научат како да се однесуваат за да се обидат да ја намалат смртноста.

За таа цел, Здружението за борба против рак „Борка“ почнува соработка и комуникација со фармаколошката индустрија за да им укаже дека мора да се намалат цените на новите, современи лекови против ракот, односно фармацијата да направи свои програми, па ако е неопходно и во форма на донации, за лековите да станат лесно достапни за пациентите. Со оглед дека „Борка“ е дел од европските асоцијации за борба против ракот, организацијата ова прашање веќе отворено и јавно го поставува низ европските престолнини на сите конференции. Очигледно ќе биде неопходно цврста координација на големите фармако-компании од Европа со македонските здравствени работници за да можат болните полесно да купат терапија. Тоа мора да го направат за да спречат ракот да стане рекордер по смртни случаи.

Но, како може здравствениот систем да стигне до националната стратегија? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Едноставно, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите.

 

biba-dodeva

– Ние немаме регистар на малигни заболувања во кој ќе имаме прецизни податоци, и за новите случаи, како и за бројки околу смртноста. Она што од лани се прави преку реформата „Мој термин“ и со имплементацијата на скрининг програмата за рак на дојка преку бесплатните прегледи, за некое време очекуваме дека ќе даде некакви податоци. Тоа многу би ни ја олеснило работата во иднина затоа што ќе можеме да се однесуваме според потребите. Затоа нашите напори се фокусирани да се имплементира Стратегија за контрола на ракот или Национален план со кој во наредните пет до 10 години би обезбедиле бројки според кои би дејствувале. Не смее да заборавиме дека ние сме трети во Европа по смртност од рак и не смееме и понатаму да користиме бројки од странски организации– коментира Биба Додева, претседателка на „Борка“.

 

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ЗНААТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН

До 2010-та во Македонија, како што пренесуваат невладините организации, имало какви-такви податоци со статистика за болестите, но последните години тоа станало мистерија и активистите тешко стигнуваат до официјални податоци. „Борка“ може да иницира создавање регистар, но тоа, сепак, е надлежност на здравствените државни власти. Но тие, наместо да се координираат и да унифицираат податоци за болестите, пред сѐ, малигните, си ја префрлаат одговорноста едни на други. Пред четири месеци, од „Борка“ испратиле барање до Институтот за јавно здравје, институција која е логично да ги има сите податоци околу новозаболените и починатите, за да им се овозможи пристап до податоците за нови регистрирани случаи од рак. Но, од таму им одговориле дека таквата статистика е во надлежност на Министерството за здравство. Поучени од одговорот на Институтот, „Борка“ испратила писмо до Министерството, од каде што добиле изненадувачки одговор, дека за бројките надлежен е Институтот за јавно здравје, истата институција која претходно ги упатила кон Министерството.

Пред неколку седмици, „Борка“ ги известила двете здравствени установи, кои патем имаат обврска да располагаат со податоци за болестите, дека се збунети од одговорите и дека државните институции не се координирани во однос на податоците.

– Потоа побаравме податоци до 2010, оти до тогаш знаеме дека има некаква статистика, но и тоа не ни беше дадено. Ако имаме регистар на болести, тогаш ќе знаеме колку пациенти се на дијагностика, колку се на некаков третман, колкумина примаат терапија, а колку се на превенција. Едноставно, така многу лесно ќе знаеме каква современа терапија да набавиме и да им овозможиме на пациентите конкретно и ефикасно лекување. Понатаму, ако имаме точни бројки за конкретна болест, ќе знаеме колку пари ни требаат од државната каса за лекови за таа болест, значи ќе трошиме рационално, а ќе може да се предвиди и финансиската конструкција на превенцијата од таа болест. Значи, ние сме во ситуација кога мораме да го превртиме целиот нездрав систем и преку регистри да се обидеме да го ставиме во некаков ред. Оти сега се е паушално и затоа имаме погрешни лекови во пракса – анализира Мирјана Бабамова од „Борка“.

Од ова произлегува прашањето како функционира здравствениот систем без прецизни и конечни бројки околу болестите и како во иднина ќе може да се дефинира план или стратегија за спречување, односно вистинско лекување на пациентите. Во обид да стигнеме до некои бројки зборувавме со двете надлежни институции.

Во Министерството за здравство, неочекувано, но категорично не се согласија да зборуваат на темата. Прво испративме имејл со неколку прашања, за потоа телефонски да нѐ известат дека шефот на кабинетот на министерот не ѝ дозволува на службата за односи со јавност да испрати одговори. Во Институтот за јавно здравје зборувавме со Драган Ѓорѓев, кој го пренесе искуството дека се користат податоците кои пристигаат од регионалните центри за јавно здравје.

– Тие податоци се обработуваат на месечно и на годишно ниво и преку регионалните центри стигаат до Институтот за јавно здравје, а инаку потекнуваат од амбулантите и од болниците. На ист начин ги добиваме и податоците од интервенциите на итната помош. Детали за болестите и терапиите добиваме од базата на Фондот за здравство. Сите овие се релевантни податоци. Податоците од базата „Мој термин“ не сме ги користеле. Што се однесува до податоците за смртност и причинителите ги добиваме од Заводот за статистика, објаснува Ѓорѓев.

 

ПОДАТОЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ГИ НЕМА ВО ЕВРОПСКАТА СТАТИСТИКА

Ако ги прашате надлежните институции, тие секако дека ќе одговорат оти имаат бројки, но зошто нивните податоци не се релевантни и не се признати од европските статистички организации каде што Македонија е должна да ги испрати податоците за болестите? Дали тука основа на проблемот е непостоењето јасна дефиниција за регистар? Кај нас сите податоци што се собираат, барем тие што стануваат достапни, се застарени. Во „Хелтгрупер“ постојано наидуваат на стари и некомплетни бројки за болестите.

 

vladimir-lazarevic5

– Знаете, надлежните секогаш ќе вртат во круг и ќе ве убедуваат дека постојат бројки, но ако е така, тогаш зошто тие бројки ги нема во статистиката на „Еуростат“ каде што Македонија има обврска да ги доставува податоците. Залудно е што кај нас ќе ти речат ги имаме податоците, кога во европските статистички центри ги нема. Странците секогаш ги дискредитирале податоците од Македонија– смета Владимир Лазаревиќ од „Хелтгрупер“.

И така е навистина. Ако го отворите сајтот на Светската здравствена организација data.euro.who.int во делот каде што се ажурира статистиката, односно се обработуваат бројките за болестите, па потоа преку нив се кројат планови и програми, Македонија во најголем број случаи нема податоци од 2010 наваму, а за некои болести дури од 2008. Поконкретно, за рак на дојка Македонија последен пат има доставено податоци пред седум години. 2010 е последната година кога Македонија имала релевантни бројки за смртноста кај доенчињата, која тогаш изнесувала 7,6 на 1000. Потоа, низ годините, таа бројка е зголемена, но точната ниту има кој да ја соопшти, ниту пак да ја утврди. За споредба, државите од регионот за овие две статистики имаат бројки од 2013- или 2014.

Ниту еден истражувач не може да се потпре на овие поразителни бројки, кои практично ги нема на релевантните сајтови. Тоа се должи на фактот што не постојат синхронизирани податоци кај домашните институции. „Мој термин“ е добар пример за водење некакви точни податоци, но тие не се синхронизирани. Институтот за јавно здравје чека податоци од болниците и тоа е побавна постапка, додека податоците од „Мој термин“ се движат побргу, но не се ставени во унифицирана рамка која ќе обезбеди точни бројки. Да речеме, за една конкретна болест да имаме бројка на болни, таа бројка да биде во „Еуростат“, од неа да извлекуваме анализи и компарации за да креираме здравствена политика. Идејата да се формира регистар е токму следењето на трендот на болеста низ годините, дали се намалува, на пример, стапката на смртност или се зголемува, па оттаму да знаеш што да примениш, дали повеќе да се фокусираш на превенција или на обезбедување лекови. Целиот систем некако е поврзан, но се започнува од вистински, точни бројки изразени преку Регистар – коментира Лазаревиќ.

Лицата кои го ажурираат и следат електронскиот систем на „Мој термин“ заедно со целата ИТ структура имаат многу податоци кои во моментов не се во функција, односно конфузно се обработуваат и не кореспондираат со тие на другите институции. А без точни бројки, без точни дијагнози, превенции и терапии, со еден збор, без регистар – нема здравје.