Во овој извештај ги анализираме податоците од истражување спроведено во општина Струмица кое имаше за цел да ја измери перцепцијата за родовата еднаквост кај жените во Струмица во 2010, како и нивните перцепции за дискриминацијата на жените на пазарот на труд. Истражувањето беше дел од проектот „Жените во македонската економија“кој Реактор го спроведе во текот на 2010 година во четири општини: Тетово, Карпош, Струмица и Шуто Оризари. Проектот беше финансиски поддржан од страна на Европската комисија преку Инструментот за унапредување на демократијата и човековите права (European Instrument for Democracy and Human Rights – EIDHR) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.