Развојот на синдикатите, синдикалната структура и нивната транзициона трансформација по осамостојувањето на Република Македонија се области за кои има недоволен број на достапни истражувања. Особено недоволно се истражени родовите аспекти нa синдикалното организирање и улогата на жените работнички и синдикалки во заштитата и унапредувањето на нивните работнички права.