Заштита на правата и интересите на корисниците на основните комунални услуги
Здруженијата на потрошувачи во континуитет ја анализираат правната рамка во доменот на комуналните услуги, жалбите на потрошувачите, праксата на давателите на услугите кон потрошувачите и работата на надлежните регулаторни тела. Покрај тоа, потрошувачките организации спроведуваат и истражувања за проблемите и задоволството на потрошувачите при користењето на услугите. Стекнатите сознанија служат за подобро информирање на потрошувачите, нивно советување кога се соочуваат со проблеми, како и за да се соберат аргументи за ревидирање на релевантните политики и измена на практиките на давателите на комунални услуги и јавните институции.