Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (понатаму во текстот:
КПЛП или Конвенцијата) на 30 март 2007 година а истата ја ратификува на 5 декември 2011 година. Дополнително, државата го потпиша Факултативниот протокол кон КПЛП на 29 јули 2009 година а го ратификува на 5 декември 2011 година.Инструментите за ратификација се депонирани во Организацијата на Oбединетите Нации на 29 декември 2011 година. Овој системски мониторинг покрај анализата за
субстантивните права во погоре наведените области, се занимава и со прашањето на назначување на национален механизам за набљудување во Република Македонија.