Во Законот се дефинирани правото на здружување, здружување на организации, стекнување својство на правно лице, основните начела, регистрите како и престанокот и бришењето на организациите. Законот ги регулира изворите на финансирање на организациите, употреба на средствата, одговорност за обврските, одговорност за штета, извештаи за работа, располагање со средствата во случај на престанок, пренесување на средствата во случај на забрана за работа.