Во пресрет на празникот „св. Климент Охридски“ Филозофското друштво на Македонија организираше пригодно предавање на д-р Дејан Донев (вонреден професор на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет), насловено: „За основите на етиката на св. Климент Охридски“. Настанот на отворањето беше збогатен со настап на ученици од ООУ „Љубен Лапе“ преку изведба на „Кирилица“ од Влатко Стефановски на хорот на училиштето и солистката Лара Иванова под водство на Жанета Дивјакоска Донева, како и преку рецитации на стихови на учениците Дарија Трајковска, Јована Андреева и Петар Митревски под менторство на Менче Стојановска. Предавањето се одржа во ЕУ Инфо Центарот на 7 декември 2017 година. Голема благодарност до нив за отстапениот простор, како и на ООУ „Љубен Лапе“ за уприличувањето на настанот.