За нова Македонија“ претставува збирка мои колумни напишани за „Нова Македонија“ во периодот април 2012 – март 2013 година. Го одбрав насловот „За нова Македонија“, бидејќи сметам дека тој, покрај тоа што е едноставен, е и ефективен. Тој го прикажува и лајтмотивот на сите овие колумни, залагањето за една нова Македонија, која нема да биде земја на социјална неправда и енормни класни разлики, на недоверба и омраза помеѓу луѓето поради нивната етничка припадност, на демократија која сè повеќе тоа не е, туку – токму спротивното.