Анализата, врамена во контекстот на националните образовни системи и стратегии, открива дали дебатата има позитивно дејство од аспектот на подобрување на информираноста за тековни настани, критичкото размислување и толеранцијата кај селектираните примероци на ученици дебатери и недебатери. Во истиот период се спроведени и интервјуа со предавачи преку чие искуство се стремеше да се добие квалитативен увид во квантитативните резултати.