Во декември 2010 година донесен е нов Закон за безбедност на храната. Со донесувањето на Законот формирана е Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Агенцијата е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице. Таа е правен наследник на Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство. Со имплементацијата на Законот треба да се обезбеди висок степен на заштита на животот и здравјето на луѓето и заштита на интересите на потрошувачите, со интегриран приод во контролата на безбедноста на храната според принципот ,, од нива до трпеза ” односно контрола во сите фази на производството и прометот на храната.