ВОДИЧ ВО ТЕРМИНОЛОГИЈАТА ЗА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМСКИ РАБОТНИЦИ
Проектот на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Насилството врз жените и
медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“,е имплементиран со поддршка на програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, кој го спроведуваат НИРАС од Данска,
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
Општа цел на проектот е унапредување на соработката на граѓанските организации и медиумите во насока на подигнување на свеста кај пошироката јавност за постоење на различни форми на насилство врз жени, како и заеднички настап во процесот на застапување за
ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од насилство врз жени и домашно насилство.