Водич низ законот за здруженија и фондации
Законот за здруженија и фондации е донесен на 16.04.2010, а стапи на сила на 24.04.2010. Со неговото стапување во сила престана да важи Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник број 31/98 и 29/2007). Дебатата за донесување на нов закон кој ќе ја регулира оваа област започна многу порано, во 2006 година, а за интензивираше во 2008, 2009 и 2010. Законот од 1998 година беше „козметички“ изменет во 2007 година, главно со измени кои се однесуваа на улогата и процедурите во Централен Регистар, без суштински измени. Веќе во 2008 беше јасно дека Законот за здруженија на граѓани и фондации беше надминат и не нудеше решенија кои беа во тек со развојот на здруженијата и фондациите.