На 05.08.2009 година, Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за домување. Законот почна да се применува од 13.08.2009 година со што го замени претходниот Закон за домување од 1998 година (со неговите последователни измени и дополнувања, заклучно со 2007 година), а со Законот за изменување и дополнување на Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10) се направени одредени измени и дополнувања на последниот Закон.