Весник на Солидарноста Број 1. Мигротија
Левичарското Движење Солидарност (ЛДС) го најавува првиот Весник на Солидарноста. Во ЛДС, солидарноста е принцип на дејствување за социјално праведно општество, унапредени работнички права, партиципативна демократија и родова рамноправност. Поттикнати од солидарноста како концепт со своја историја, во овој весник отвораме простор за придонеси и за видувања на прашањата што е солидарноста, каде ја гледаме и како ја создаваме. Секој број е посветен на единствена тема и првично ќе се појавува четири пати годишно во печатена форма.