Овие Упатства за Глобално Образование се резултат на потребата изразена од мрежата на практикувачите на глобалното образование на North-South Centre (NSC) – Мрежата на Неделата на Глобалното Образование – да има заедничка алатка, изградена врз искуството стекнато од страна на мрежата и другите партнери, за поддршка на воспитувачите во разбирањето и успешното спроведување на глобалните образовни иницијативи. Преку нудење на перспективи за глобалното образование, како и на поврзани методи и критериуми за оценување – вклучувајќи и размена на практики, на алатки и ресурси – овие Упатства имаат за цел зајакнување на целокупната работа за глобалното образование.