Учеството на жените Ромки во политиката на локално ниво
Ова истражување беше спроведено непосредно пред локалните избори 2021 година, има за цел да даде одговори на прашањата колку кандидатите за градоначалници во своите програми планираат да им служат на граѓаните и дали ги разбираат посебните потреби на различни категории на граѓани ставајќи се во релација колку од нив имаат информации за родовата компонента во владеењето на локално ниво.
Второто прашање е колку од кандидатките за советнички ја познаваат родовата машинерија на локално ниво и како би ја употребиле за да ги задоволат потребите на жените од општина Шуто Оризари.
Третото прашање треба да ни понуди одговори во смисла дали кандидатите за градоначалници/чки и советничките имаат општи познавање од функционирањето на локалната самоуправа и ингеренциите која таа ги има, како и дали имаат заложби и сфери на интерес кои евентуално би ги застапувале во текот на нивниот мандат во општина Шуто Оризари.
Четврто прашање е како жените од останатите општини гледаат на учеството на жените во политиката во генерална смисла, но и на учеството на жените Ромки во политиката.