Трговија со луѓе и илегална миграција во Македонија 2009 година
Во рамки на своите заложби, за идентификување на фактичката состојба во судството , преку следење на определен вид на предмети, Коалицијата сите за правично судење, петта година по ред ја анализира работата на судовите при судењето на предметите од областа на Трговијата со луѓе и илегалната миграција. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Одделението за борба со предмети од областа на организираниот криминал и корупција, при Основен суд Скопје 1 – Скопје, беше направена анализа на идентификуваните предмети, кои во периодот на имплементација на проектот се појавија во првостепена судска постапка.