Се засилува трендот на поништување на постапките за јавни набавки,достигнувајќи загрижувачки 25%. Во поништените постапки за јавни набавки од страна на самите државни институции, просечно учестувале по 5 фирми-понудувачи. Овој број на понудувачи е еднаков на просечно регистрираниот во отворените
постапки во Македонија, со што останува сомнежот за мотивите на договорните органи за донесување на одлуките за поништување на постапките.