Регионалната програма за промоција на истражувањето во Западен Балкан (РППИ) го промовира истражувањето во областа на општествените науки во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Македонија, Црна Гора и Србија). Истражувањето во областа на општествените науки го помага разбирањето на специфичните реформски потреби на земјите во регионот и идентификувањето
на долгорочните импликации од изборот на определените јавни политики.