Транспарентност на буџетскиот процес кај општините во Македонија
Планирањето и спроведувањето на Буџетот на општината преставува планирање и спроведување на нејзините планови и приоритети за идниот едногодишен период, кои ќе имаат влијание во годината во која е донесен, меѓутоа ќе бидат исто така многу важни и за бројни активности кои ќе се реализираат во иднина. Граѓаните очекуваат квалитетен живот, па поради тоа граѓаните треба да бидат информирани за што се трошат парите и што добиваат од трошењето на Буџетот на нивната општина согласно надлежностите.