Толковникот им е наменет на корисници со различно ниво на технички предзнаења. Составен е да задоволи стручни и практично оперативни потреби. Секако дека постојат и други термини и поими, но овој толковник ги содржи основните поими. Дигиталната телевизија е област што се движи со крупни чекори напред, што значи дека постојано се појавуваат нови нешта и поими. Овој толковник не е за на полица, тој е направен секогаш да Ви биде при рака и да Ви помага при работа, читање текстови од оваа проблематика или при учење.