Клучна улога за сензибилизирање на јавноста имаат медиумите, поради што главна активност во овој проект беа ТВ дебатите. Учесниците во емисиите ќе се претставници од сите сфери на општественото живеење, кои ќе имаат можност јавно да го искажат личниот став по одредено прашање. Темите во ТВ дебатата ќе произлегуваат од актуелните проблеми во социјалната сфера, економијата, образованието, здравството, инфраструктурното уредување,проблемите на етничките заедници односно ќе се отвораат прашања кои се од интерес на населението и за кои што сакаме да го поттикнеме јавно да проговори и да ги мапира проблемите.

ТВ дебатите ќе се продуцираат на неделна основа во времетраење од 45-50 минути, со тековно одредување на темите на истите, во зависност од актуелните случувања во регионот. Изборот на темите, како и соговорниците кои ќе дебатираат на истата, ќе го врши тим составен од претставник на здружението – координатор на проектот и од претставници на партнерот во проектот – Телевизија ТВМ. За анимирање на јавноста со цел учество во креирање на емисиите со предлагање на теми ќе се искористат:

ФБ страните на здружението и на Телевизија ТВМ
е-маил адреса отворена за потребите на емисијата
промо најави за емисијата кои ќе се емитуваат на Телевизија ТВМ.
Во предвидениот проектен период од 3 месеци, реализиравме 12 емисии