Корупцијата е и натаму глобален сериозен проблем секаде во светот, кој ги поткопува институциите и демократските вредности, владеењето на правото и правната држава. Сите светски експерти во областа на борбата против корупцијата во своите обраќања кога истакнуваат примери на корупција од своите земји или
компаративно од други земји, користат сегашно време бидејќи никој за корупцијата не може да зборува во минато време. Таа едноставно е неискоренет проблем на сите современи општества.