Проектот „Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“ веќе втора година се реализира низ судовите на Република Македонија. Самиот проект е заснован врз податоците добиени од набљудувањето на судските постапки за дела од областа на корупцијата, што ни овозможи да дојдеме до сознанија за почитувањето на стандардите за фер и правично судење при постапувањето на судиите – кривичари по предметите од областа на корупцијата, а воедно и да
направиме анализа за тоа како македонското судство се справува со корупцијата.