Проектот „Програма за набљудување на судски предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“ веќе трета година по ред се спроведува низ судовите на Република Македонија.1 Неговата реализација се базира на набљудување на определен број коруптивни предмети низ основните судови, врз основа на што се извлекуваат заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законите, пред судовите во кривичната постапка.