Центар за економска анализа (ЦЕА) веќе низа на години работи на полето на подобрување на буџетската транспареност и информирање на граѓаните за трошењето на јавните пари од извршната власт.За таа цел ЦЕА проактивно се вклучува со својата експертиза во давање препораки за надминување на предизвиците со кои се соочува политичката сцена за прашања кои се поврзани со планирање и спроведување на буџетот и буџетскиот процес и буџетскиот циклус воопшто.Буџетската транспарентност овозможува отчетност кон граѓаните-даночни обврзници,а овозможува и подобра кредитоспособност на државата кон меѓународниот пазар на капитал.