Основа за изработка на Стратегија за социјалната заштита на маргинализирани групи на општина Долнени, претставува Националната стратегија за социјална заштита и препораките дадени од г-н Каи Леинсенриг, експерт од Центарот за социјални политики за благосостојба и истражувања од Виена, Австрија. Стратегијата е адаптирана на конкретна состојба на локално ниво, насочена кон конкретни реформски барања и усогласен со релевантните национални стратегии. Бурните и динамични општествено-економски промени во последниве години во нашето општество имаат свои последици во многу видливиот процес на манифестација на социјално раслојување, меѓу другото, во појавата на сè поголема загуба предизвикана со зголемување на невработеноста, која во себе влече низа негативни тенденции, како што е влошување на здравствената состојба на населението, намалување на нивото на животниот стандард итн.