Во Република Македонија волонтерството се повеќе се развива и добива важност во локалните заедници. Тоа има голем потенцијал за подобрување на квалитетот на живот во локалните заедници, придонесува за зголемување на граѓанското учество во општествениот живот, за создавање на локални мрежи и создава чувство на одговорност за решавање на проблемите што постојат во заедниците.