Стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници
Претприемништвото се препознава како една од најважните проблематики на модерната економија; меѓутоа, истовремено тоа е познато и како една од најсложените области. Стратегијата за млади претприемачи има за цел да ja зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе ги оспособи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемаштвото претставува начин на размислување и однесување; се работи за идентификување на можностите, составување тим, обезбедување ресурси, како да се биде позитивен, како да се преземаат ризици и како да се создава подобра иднина.