Нашата земја има повеќедецениска административна традиција и култура, којашто се приспособува на демократските промени во општеството, водејќи се од принципите на владеење на правото, транспарентност, стручност, стабилност, одговорност, предвидливост, еднаков третман, ефикасност и етичност. Ова стана
особено видливо со процесот на децентрализација на власта, кога општините и градот Скопје многу успешно ги презедоа и ги ставија во функција надлежностите пренесени од страна на централната власт.