Реформата на јавната администрација има суштинско значење во евроинтегративните процеси, бидејќи
функционалната јавна администрација го претставува столбот за напредок и економски развој на една земја.
•Реформата на јавната администрација е суштински дел и од клучните реформи при пристапниот дијалог со Европската Унија. Затоа, критериумите за проширување на ЕУ ја истакнуваат потребата на секоја земја да изгради национална јавна администрација со капацитет да ги следи принципите на добро управување
и ефективно да го пренесе и спроведе законодавството на Европската Унија.