Социјалната заштита во Република Македонија се заснова на начелото на социјална праведност и солидарност и подразбира дека е достапна и отворена за сите граѓани, жени и мажи, кои имаат потреба од истата. Во спроведувањето родова проценка на локалните политики/програми и буџети за социјална заштита во општините Центар-Скопје и Гостивар, тргнавме од истражувачкото прашање – дали креираните и спроведени локални политики за социјална заштита ги земаат предвид потребите на жените и мажите
и придонесуваат за намалување на родовата нееднаквост на локално ниво.