Повеќе од еден милион бегалци и мигранти пристигнаа во Европа во текот на 2015 и 2016 година, голем дел преку Западно- балканската рута. Најголемиот број од нив се со потекло од Сирија, Авганистан, Ирак, Пакистан и Еритреа . Сите бегалци се соочуваат со големи тешкотии, но жените и девојките се меѓу најранливите од оние кои патуваат во ЕУ во потрага по заштита од војната, кршењето на човековите права
и немаштијата. Поради полот, тие често се жртви на насилство и дискриминација.