Резултати од истражување за утврдување на задоволството на граѓаните од услугите на локалната самоуправа, нивната информираност и вклученост во работата и одлуките на локалната самоуправа и клучни потреби на граѓаните на локално ниво
Ова истражување има за цел да се утврди: задоволството на граѓаните од услугите на службите на локалната
самоуправа, со акцент на услугите кои ги засегнуваат жените; знаењето и партиципацијата на граѓаните во локалните процеси на буџетирање;проценка на главните потреби на граѓаните во областите кои се под
надлежност на локалната самоуправа. Истражувањето беше спроведено во насока да ги идентификува родовите приоритети на локално ниво и да даде увид за тоа до кој степен моменталните услуги кои ги пружа локалната власт одговаат на вака идентификуваните родови пориоритети.