Проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Македонија“, беше спроведен во периодот декември 2012 година – јули 2013 година. Негова општа цел беше да се придонесе за унапредување на спроведувањето на медијацијата во граѓански и во стопански спорови во Република Македонија. Негова конкретна цел беше да се помогне на Министерството за правда да воспостави солидна среднорочна рамка за унапредено спроведување на медијацијата, врз основа на сеопфатна проценка на недостатоците на постојниот систем. Непосреден корисник беше Министерството за правда на Република Македонија.