Предмет на анализата е овогодишната ревизија на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, како индикатор за пристапот на Република Македонија кон прифаќањето на нормите на ЕУ. Резултатите покажуваат дека при целосно неизвесна перспектива за членство, особено по блокадата на Грција на почетокот на преговорите, влијанието на ЕУ е мало, а трансферот на нејзините норми значително забавен. Конвергенција со нормите на ЕУ се постигнува само за прашањата кои се идентификуваат во владините политички преференци. Пристапниот дијалог, преку кој Европската комисија настојува да ја одржи препораката за членство се однесува на политичките и економските критеруими. Се очекува фокус на клучни прашања на демократијата и владеењето на правото – реформите на судството, реформата на администрацијата, борбата против корупцијата, изборите, слободата на медиумите, како и функционалната пазарна економија.