Прирачникот за идентификација на жртви на трговија со луѓе (во понатамошниот текст “регионален прирачник”) е разработен во рамките на четвртиот заеднички проект на АРИАДНЕ мрежата за борба против трговијата со луѓе во Југоисточна и Источна Европа на тема “Трговија со луѓе и миграција во Југоисточна и Источна Европа”. Проектот е имплементиран од страна на НВО Центар за заштита на човековите права (KEPAD), Грција, во партнерство со 15 НВО-а, членки на мрежата Аријадне.