Модерните демократии ја подразбираат јавната администрација првенствено како сервис на граѓаните и
на јавноста, а не како средство на моќ на Партијата и на државата. Основната улогата на администрацијата се подразбира и се изведува врз основа на принципите врз кои таа треба да функционира како што се транспарентност, јавност, отчетност, јавна контрола на администрацијата како и обезбедување форми, методи, активности и создавање услови за таа професионално и непристрасно да ги остварува своите
перформанси.