Прашањето кое се наметнува како прва дилема при земањето на ова мало книже во раце, а на чијашто прва страна пишува Речник на термини поврзани со сексуална работа и ЛГБТ, е прашањето за потребата и функционалноста на истото. Јазикот е медиум преку кој човекот влегува во постојана интеракција со светот околу себе, медиум со кој нештата околу нас се стекнуваат со свое битие и постоење и медиум со кој
луѓето меѓусебно комуницираат, разменуваат и произведуваат идеи и го градат социјалниот свет како заедничка основа на постоење и со-живот. Значењата и смислата со кои им пристапуваме на луѓето и предметите околу нас се секогаш веќе закотвени во јазикот кој го наследуваме и учиме.