На 18 јануари Собранието ја прифати оставката на поранешниот премиер Груевски и назначи нова Влада. Овој чекор е секако добредојден како клучен дел од спроведувањето на Договорот од Пржино. Сепак, оставката беше врзана со Одлуката на Собранието за негово распуштање, со одложено дејство (на 24 февруари), што е спротивно на досегашната парламентарна практика. 2 Официјалниот став на главната опозициска партија е дека нема да учествува на следните избори ако не се измени датумот поради сериозното доцнење во спроведувањето на потребните реформи.