Студиите за радикалната десница често почнуваат со нејзино дефинирање. Не случајно, бидејќи постојат значителни разлики помеѓу аналитичарите што треба да се подразбира под радикална десница. Понекогаш, кога се зборува за радикалната десница, може да се добие впечаток дека станува збор за одредена политичка идеологија.