Не беше лесно да се трасира патот на новото светско детско движење во Македонија наречено Прва детска амбасада во светот – Меѓаши. Секако пионерските зафати во промоцијата на детската кауза и најдобрите интереси на децата не секогаш наидуваа на разбирање и допираа до светот на возрасните. Но, ние во Амбасадата Меѓаши втемеливме нови и поинакви вредности. Ја подигнавме јавната свест за значењето и неопходноста од почитување на правата на детето. Проговоривме јавно за многуте проблеми со кои децата се соочуваат. Децата нас не препознаа и ни ја доверија потребата да ги заштитуваме и застапуваме.