Проценка на потребите за градење на капацитети на Комисијата за заштита од дискриминација
Со оглед на фактот дека дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет е широко распространета, а КЗД е една од најпреферираните механизми за заштита од дискриминација заради постојаната стигматизација на ЛГБТИ заедницата потребно е во континуитет да се градат капацитетите на КЗД за да истата обезбеди ефективна и ефикасна заштита од дискриминација врз основа на
сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Овој извештај ги презентира наодите на проценката на потребите на КЗД, која ја спроведе ЦИКП Скопје во корист на ХЕРА во согласност со целите и потребите на проектот „Зајакнување на владеењето на правото на заедницата на ЛГБТ граѓани“. Проценката се користи со два метода. Едниот е преглед на секундарни извори, а вториот има за цел генерирање на примарни податоци преку интервју со комесарите на КЗД и експерти од областа на заштита од дискриминација. Податоците се презентирани во извештајот за проценка на капацитетите на КЗД за решавање на претставки за дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет преку интерпретативна анализа која е поделена на пет поглавја.