Прирачник за спречување на корупцијата во локалната самоуправа
Корупцијата има широк спектар на штетни ефекти врз општеството. Таа ги поткопува демократијата и
владеењето на правото, го загрозува квалитетот на животот, може да предизвика појава на сериозен
криминал и закани за безбедноста на целокупната општествена заедница. Борбата против корупцијата не е едноставен процес, туку подразбира ангажман на целото општество и иницијативност на сите нивоа.