Прирачников што е пред вас претставува средство кое треба да им послужи на читателите, поточно на студентите по новинарство, на невладините организации, како и на професионалните новинари, кои, со негова помош имаат можност да се запознаат со правните стандарди на слободата на изразување. До-
полнително, прирачников треба да биде употребуван како алатка во рамки на обуките на студентите по новинарство и на младите новинари во нашата земја. Општо земено, иницијативата да се напише ваков прирачник поаѓа од потребата за обезбедување квалификувана средина за истражувачко новинарство заснована на универзално прифатени стандарди.