Република Македонија е земја во која процесот на демократизација трае изминативе 20 години. Бројни реформи,како слобода на говор, независни медиуми, активно учество на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, закон за еднакви можности за жените и мажите, зголемување на учеството на жените во парламентот со 30% итн се направија и сеуште се случуваат.Сепак, некои аспекти на демократијата
во нивното вистинско значење останаа недопрени.