Пред Вас се наоѓа прирачник кој ќе Ви помогне на полесен начин да ја имплементирате информатичката технологија во секојдневната работа со ученици со посебни образовни потреби. Идејата за создавање на оваа публикација потекнува од предизвиците на кои наидувате во Вашата работа. Нашето досегашно искуство покажа дека учениците со посебни образовни потреби со употребата на компјутерот како алатка на многу поедноставен, посликовит и поинтересен начин ги стекнуваат знаењата.