Јавните набавки или обезбедувањето стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто од
фирми од приватниот сектор, стануваат сè поважни и во Македонија. Годишно, државните институции трошат близу 800 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки. Оттука, јавните набавки се многу важни за вкупната економија на земјата, бидејќи учествуваат со дури 12% во вкупното домашно производство на стоки и услуги (БДП).